• среда, 03 јули 2024

Ѓоковиќ сака што поскоро да се врати на тенисот

Ѓоковиќ сака што поскоро да се врати на тенисот

 

Париз, 6 јуни 2024 (МИА) – Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи денеска во јавноста по операцијата која му беше извршена вчера, изјавувајќи оти сè минало во најдобар ред и ќе даде максимум што поскоро да се врати на тенискиот терен.

Српскиот тенисер се повреди во осминафиналето на Ролан Гарос против Аргентинецот Франциско Серундоло, а поради повредата без борба му го предаде четвртфиналниот дуел на Норвежанецот Каспер Руд.

Медицинските прегледи покажа дека станува збор кинење на медијалниот менискус на десното колено.

„Вчера морав да донесам неколку тешки одлуки откако на последниот натпревар на Ролан Гарос со скинав менискусот. Сè уште анализирам сè, но среќен сум што можам да ве известам дека операцијата помина добро“, изјави Ѓоковиќ во објава на Инстаграм.

„Навистина го ценам тимот на лекари кои беа покрај мене, како и огромната поддршка што ја добив од моите навивачи. Ќе дадам сè уште од себе за да бидам здрав и подготвен што поскоро да се вратам на терените. Мојата љубов кон овој спорт е силна и желбата да се натпреварувам на највисоко ниво е она што ме одржува понатаму“, порача Ѓоковиќ.

Не е познато колку долго ќе трае заздравувањето, но медиумите пренесуваат дека српскиот тенисер ќе мора да паузира три недели, што значи дека ќе мора да го пропушти третиот годинешен грен слем турнир во Вимблдон. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан