• недела, 21 јули 2024

Ѓоковиќ: Руне апсолутно ја заслужи победата

Ѓоковиќ: Руне апсолутно ја заслужи победата
Париз, 7 ноември 2022 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ упати комплименти за играта на Холгер Руне во финалето на Мастерсот во Париз. Данецот вчеравечер го победи Ѓоковиќ со 2:1, по сетови 3:6, 6:3 и 7:5. - Сакам да ти честитам за освоениот трофеј. Апсолутно ја заслужи оваа победа. Имаше неверојатна недела, фантастична. Не сум среќен што ме победи, но од друга страна, среќен сум за тебе затоа што ми се допаѓаш како личност. Ти си човек кој сака тенис и троши многу време на напорна работа, па тоа ти се исплати и сигурен сум дека имаш светла иднина пред тебе. Честитки! – му се обрати Србинот на 19-годишниот Руне. За Данецот трофејот во Париз е прв од серијата Мастерс и вкупно трет во кариерата. Од победата во Франција, Руне заработи 836.000 евра парична награда и 1.000 рејтинг поени на АТП листата. зс/

Остани поврзан