• среда, 08 јануари 2025

Ѓоковиќ призна дека се уште има траума од Австралија

Ѓоковиќ призна дека се уште има траума од Австралија

Мелбурн, 6 јануари 2025 (МИА) - Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ немаше најдобар старт на годината, кој изненадувачки беше поразен од Рајли Опелка во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн, но сепак е еден од главните фаворити за победа на Австралија опен.

Турнирот во Мелбурн му е омилен, таму дури по 11-ти пат ја освои шампионската титула, без разлика што со него се поврзуваат некои од најнемилите настани во кариерата.

Токму за ова зборуваше тенисерот во интервју за локалните медиуми и откри дека сè уште се сеќава на тортурата што ја доживеал при влегувањето во Австралија во 2022 година за време на пандемијата на коронавирус, кога беше приведен, а потоа депортиран од оваа земја.

-Нема да ве лажам, сè уште сум трауматизиран од се што ми се случи. Кога ќе поминам низ пасошка контрола на аеродромот во Мелбурн, сето тоа ми се враќа и не ми е удобно. Тоа беше многу лошо искуство за мене. Јас не сум некој што ќе покажува со прст кон некого и ќе го обвини за тоа што ми се случи. Не, сето тоа го оставив на страна, но само велам дека не ми е удобно кога поминувам низ тие места, ми поминува низ глава дека повторно ќе дојде некој да ме спречи да влезам. Јас и моето семејство после тоа се вративме во Австралија, освоив нова титула во Мелбурн и можам да играм на овој турнир, изјави Ѓоковиќ. дс

Фото: Архива

Остани поврзан