• петок, 05 декември 2025

Шчесни останува во Барселона

Шчесни останува во Барселона

Барселона, 5 јуни 2025 (МИА) - Војчех Шчесни и Барселона постигнаа договор за условите на новиот договор на голманот. Каталонскиот клуб и 35-годишниот полски голман се согласија за нов договор до летото 2027 година, а остануваат само формалностите, објави Фабрицио Романо.

Барселона му потврди на Шчесни дека ќе се потпира на него, и покрај потпишувањето со Жоан Гарсија од Еспањол.

Шчесни ја обнови кариерата и потпиша со Барселона откако Марк-Андре тер Штеген доживеа сериозна повреда на почетокот на минатата сезона.

Полјакот има запишано 15 натпревари во Ла Лига со 8 непримени гола. Тој примал во просек по 0,8 гола по натпревар. дс

Фото: Архива

Остани поврзан