• понеделник, 23 декември 2024

Шукова на Самитот на ОН за климатски промени – COP28 во Дубаи

Шукова на Самитот на ОН за климатски промени – COP28 во Дубаи

Скопје, 2 декември 2023 (МИА) - Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, од денска до 9 декември ќе учествува на Самитот на Обединетите нации за климатски промени, што се одржува во Дубаи, Обединетите Арамски Емирати.

Шукова, како што најавуваат од нејзиниот кабинет, ќе учествува и ќе се обрати на повеќе настани меѓу кои ќе има завршно обраќање по потпишувањето на Договорот за инвестициската платформа за енергетска  транзиција со Европската банка за обнова и развој, округла маса со министрите на Енергетската заедница, како и низа билатералнои средби меѓу кои со извршниот директор на УНОПС. 

Очекувањата од Самитот се да напрви преглед на досегашните остварувања на поставените национални и глобали цели и да се трасира патот за идните активности. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан