• петок, 22 ноември 2024

Што поскоро усвојување на преговарачката рамка за Северна Македонија и старт на преговорите со ЕУ, очекуваат Османи и Брегу

Што поскоро усвојување на преговарачката рамка за Северна Македонија и старт на преговорите со ЕУ, очекуваат Османи и Брегу
Скопје, 5 април 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу при што разговарале за тековните прашања поврзани со европската интеграција на земјите од Западен Балкан, со посебен акцент на статусот на евроинтегративниото досие на Република Северна Македонија. Како што соопштри МНР, на средбата беше изразено очекувањето за што поскоро усвојување на преговарачката рамка за Северна Македонија и одржување на првата Меѓувладината конференција со која ќе се означи и почетокот на процесот на преговарање за членство во Европската Унија.

Во фокус на разговорите, се додава, беше регионалната соработка и активностите во рамките на Советот за регионална соработка - Економскиот инвестиционен план за Западен Балкан, социо – економската трансформација на регионот на Југоисточна Европа, Зелената агенда за Западен Балкан, и други теми кои придонесуваат за плодна и богата регионална соработка.

Соговорниците разменија мислења и за влијанието на руската инвазија на Украина врз процесот на заокружување на европската иднина на земјите од Западен Балкан и ефектите на војната врз регионалната соработка во нашиот регион и пошироко, стои во соопштението. вг/ац/

Остани поврзан