• понеделник, 23 декември 2024

Штипски „Исар“ ќе набави две нови возила

Штипски „Исар“ ќе набави две нови возила

Штип, 27 јануари 2024 (МИА) - Штипското комунално претпријатие  „Исар“ напролет ќе го одржува зеленилото со ново мултифункционално возило, а со уште едно такво ќе ги одржува и патеките во парковите.

Директорот Кирил Зајков вели дека во план им е набавка на две возила која е предвидена за оваа година, со цел да им помогне во работата. Тој истакна  дека годинава ќе има зголемување на динамиката на чистењето и уредувањето на јавните површини и сообраќајници, поради што ќе се опремат и со нови возила.

-За таа цел планираме да набавиме и ново мултифункционално возило кое ќе ни помогне за одржување на јавните површини т.е. на патеките во парковите, како и набавка на мултифункционално возило кое ќе ни помогне во справувањето со зелената или тревната маса која е реален проблем во периодот кој ќе следува т.е. во пролетниот период од годината. Тоа е нешто што во 2024 година како цел го имаме поставено и сме убедени дека ќе го реализираме. Набавката на оваа мултифункционална машина ќе помогне за полесно работење, изјави Зајков.

ЈП „Исар“ ќе продолжи и со примарната активност – промената на водоводни и канализациски мрежи, а и за тоа ќе им биде потребна нова технологија, чија набавка е планирана во Програмата за оваа година.

-Секако, овде е и набавката на соодветна технологија која ќе ни помогне за подобрување на услугите во делот на реконструкцијата на водоводните и канализационите мрежи. Планираме да продолжиме со активностите кои ги започнавме во населба Суитлак. Ќе се работи и на изработка на водоводна линија во населбата Плуждино, рече Зајков. вдј/хс/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан