• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Штипски „Исар“ предвидува вработување на 110 работници и административци

Штипски „Исар“ предвидува вработување на 110 работници и административци

Штип, 12 март 2025 (МИА) – Штипското комунално претпријатие „Исар“ годинава предвидува да се пополнат вкупно 110 работни места, најави денеска директорот на ЈП „Исар“, Александар Арсовски.

-Моментално вработени има 191 лице, од кои административни службеници 43, давање на услуги 113, технички и помошен персонал 35. Со новиот план за вработување се предвидени уште 110,од кои администрација 18, даватели на услуги 63 и технички персонал 29, изјави Арсовски.

Тој денеска најави дека за сопствени потреби ќе се набави и ново мултифункционално возило, со што какошто рече дополнително ќе се подобрат и услугите кон граѓаните. За негова набавка потребни се 4.500.000 денари.

-Станува збор за мултифункционално возило кое како тип веќе го имаме и секојдневната употреба покажува дека е возило кое доколку се набави во голема мера ќе се подобрат условите за работа на нашите работници. Тоа е возило е со приклучни додатоци, рече Арсовски. вдј

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан