Штипскиот Центар за јавно здравје има нова веб-страна
- Центарот за јавно здравје-Штип од денеска има своја официјална веб-страна, која е достапна за граѓаните.
Штип, 20 мај 2025 (МИА) - Центарот за јавно здравје-Штип од денеска има своја официјална веб-страна, која е достапна за граѓаните.
Директорот на Центарот за јавно здравје-Штип, Бранко Горгиев истакна дека преку новата веб-страна граѓаните ќе можат електронски да поднесат барања за услуги кои ги врши Центарот за јавно здравје.
Целта, како што рече, е поголема транспарентност и достапност за граѓаните, но и за медиумите, кои ќе може да бараат информации од јавен карактер. Дополнително во сезона на грип, граѓаните ќе може да се информираат за вакцините кои се достапни.
-Заради поголема транспарентност и достапност до граѓаните се решивме да се пушти во употреба нова веб-страна на Центарот за јавно здравје. Со оваа страна граѓаните ќе може да се информираат за сите активности, но може да поднесат и барање за сите услуги кои ги врши Центарот за јавно здравје, изјави Горгиев.
Со новата веб-страна на Центарот за јавно здравје Штип ќе се намали чекањето за да се поднесе барање или да се добие информација. вдј/фф/
Фото: МИА