• четврток, 13 јуни 2024

Штипскиот Универзитет дел од Европска Универзитетска алијанса

Штипскиот Универзитет дел од Европска Универзитетска алијанса

Штип, 13 јуни 2024 (МИА) - Ректори и претставници на девет Универзитети од Европа, кои се членки на Eвропската Универзитетска Алијанса денеска имаа средба во ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека една од целите на оваа Алијанса е мобилности за студентите и за професорите од деветте Универзитети.

- Самиот проект предвидува огромен број на мобилности за студентите, огромен број на мобилности за професорите, спојување на истражувачката инфраструктура на задничка работа на проекти. Се работи за Универзитети кои што навистина имаат што да понудат и од аспект на истражување, и од аспкет на квалитет на настава. Крајната цел би било да нашите студенти имаат дипломи коишто ќе бидат буквално една диплома-европска диплома, вели Мираковски.

Ректорот на Политехничкиот универзитет во Португалија, Жуан Мутао посочи дека со инвестирање во подобар едукативен систем се придонесува за подобра иднина на сите. Верува дека оваа соработка ќе придонесе за подигање на иновацијатаи претприемништвото во општествата.

- И од тука веруваме дека со подобро образование и подобар едукативен систем ние можеме да обезбедиме подобра иднина за сите нас. Ние, како Алиајнса пред се веруваме во промоција, односно се бориме за промоција на иновацијата се разбира, и на соработката и веруваме сите овие работи ќе придонесат токму за подигање на иновацијата и на соработката, меѓутоа и на претприемништвото во овие општества, рече Мутао.

На состанокот присуствуваа ректори, проректори и универзитетски професори од девет Универзитети од европската  Алијанса, меѓу кои универзитети од Португалија, Австрија, Романија, Шпанија, Литванија, Летонија, Полска, Германија и Северна Македонија. вдј/цр

Фото: МИА

Остани поврзан