ВМРО-ДПМНЕ: СДС не негираше дека има соработка со Милјан Шчекиќ и Башановиќ
- СДС 3 дена не одговара дали зад соопштенијата во кои се шират лаги и невистини стои Милјан Шчекиќ и Зоран Башановиќ. СДС 3 дена молчи, да одговори дали од скопски хотел овие двајца го тераат нивниот центар за лаги и манипулации, а тие само го говорат тоа што ќе им се напише, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 22 март 2026
СДС 3 дена не одговара дали зад соопштенијата во кои се шират лаги и невистини стои Милјан Шчекиќ и Зоран Башановиќ. СДС 3 дена молчи, да одговори дали од скопски хотел овие двајца го тераат нивниот центар за лаги и манипулации, а тие само го говорат тоа што ќе им се напише, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
СДС треба да одговори дали по препорака на Заев, Филипче имал средба во Ниш за да го договори Шчекиќ?
Вистината секогаш излегува на површина, колку и да сакаат СДС и Филипче да ја сокријат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: МИА архива