• петок, 20 декември 2024

Штипскиот градоначалник ќе ги извести амабасадите во земјава за проблемот со неполгање на стручни испити за наставници-приправници и директори на училишта

Штипскиот градоначалник ќе ги извести амабасадите во земјава за проблемот со неполгање на стручни испити за наставници-приправници и директори на училишта

Штип, 20 февруари 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција објави дека ќе ги информира амбасадите во земјва, за проблемот кој го прави Државниот испитен центар на 600 наставници-приправници и на 111 вршители на должност на директори на основни и средни училишта во земјава, на кои, како што вели веќе една и пол година им е ускратено правото да полагаат стручни испити.

Забележа дека една и пол година не се дозволува да се полага менаџерски испит за лиценца за директори на училишта, студентски домови, граѓански центри, а како што вели тој ова претставува силување на демократијата, но и ограничување на основните права.

-Јас ќе испратам допис до сите релевантни дипломатски преставништва, за да се запознаат што се случува во оваа држава. Дали вакво нешто има во друга европска држава? Постои ли држава во која  е ограничено основното право на секоја индивидуа да се стекне со одредена лиценца, праша Јорданов.

Тој нагласи дека проблемот не ги засега само директорите, туку и наставниците приправници кои го имат завршено приправничкиот стаж. И тие чекаат за полагање на стручниот испит, по што треба да добијат и решение на неопределено работно време.  

-Ова е силување на демократијата. Ова е заробување на институциите. Ова го немало и во најцрните денови на комунизмот. Да не се дозволува година и пол никој да полага , ова го прават за да немат конкуренција кадрите на СДСМ, рече Јорданов. вдј/сст/

Остани поврзан