• понеделник, 04 ноември 2024

Штипскиот градоначалник на средба со боксерите од клубот „Пинк Пантер“

Штипскиот градоначалник на средба со боксерите од клубот „Пинк Пантер“

Штип, 29 мај 2024 (МИА) - Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов денеска имаше средба со претставници од боксерскиот клуб „Пинк Пантер".

Во писменото соопштение од Кабинетот на градоначалникот се наведува дека повод за приемот е успехот што го постигнале на меморијалниот турнир „Јордан Мијалков" што се одржа изминатиот викенд во спортскиот комплекс „Џексон". 

- Борачите на боксерскиот клуб „Пинк Пантер" ги постигнаа следниве резултати: Aлександар Панов - златен медал и пехар за најдобар боксер на турнирот, Али Расимов - златен медал и пехар за најмлад боксер на турнирот,  Иса Бајрам - златен медал, Мухамед Мемедов - златен медал, се вели во соопштението од Кабинетот на градоначалникот на Општина Штип. 

Селекторот и тренерот на „Пинк Пантер", Петре Чурлиновски доби признание од Боксерската федерација на Македонија и плакета за „животно дело". вдј/бак/

Фото: МИА 

Остани поврзан