• петок, 22 ноември 2024

Штипскиот градоначалник на празникот на жената ја посети неговата класна наставничка

Штипскиот градоначалник на празникот на жената ја посети неговата класна наставничка

Штип, 8 март 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска на штипјанки им го честиташе Меѓународниот празник на жените, а денеска и со цвеќе и скромен подарок  ја посети неговата класана наставничка и и го честита Денот на жената. Огромно благодарам упати до неговата наставничка, којашто рече му била втора мајка, жената која нему и на многу други генерации и го покажа вистинскиот пат и ги научи да се ценат како луѓе, а не по титули.

-Посебно е задоволството и чувството, навистина позитивни емоции, да на ваков ден се посети мојата класна наставничка која го има трасирано мојот пат во животот, но и патот на многу генерации кои на свој начин денес придонесуваат во општеството, во развојот на нашиот град и на нашата држава. Навистина должиме едно големо благодарам до луѓето, до жената која го има трасирано нашиот пат, на овој ден да се заблагодариме на жената која директно овозможува да се развива нашиот град, вели Јорданов.

Возбуденоста не ја сокри и наставничка Грозданка Мешинковска. Нејзините зборови од основно останале длабок врежани кај секој еден ученик, па дружбата меѓу нив продолжува.

-Ние се среќаваме вака на улица, се поздравуваме, но мило ми е што сум успеала, дека во секој ученик треба да се гледа пред се човек, тоа беше моето најголемо воспитување, вели Мешинковска.

Сите прсти на рацете се различни, различни се и сите ученици, важно е да остане дружењето и почитувањето – на ова мото на наставничката Мешинковска ученците се потсетуваат и денеска. вдј/дма/

 

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан