• четврток, 21 ноември 2024

Штети од град во Демиркаписко пријавиле 92 земјоделци

Штети од град во Демиркаписко пријавиле 92 земјоделци

Демир Капија, 3 октомври 2024 (МИА) - Деведесет и двајца земјоделци пријавиле штети од врнежи од град во Демиркаписко, потврдија денеска од Комисијата за проценка на оштетувања од градобијни зрна, во изјава за МИА. Оттаму подвлекоа дека процентот на оштетувања е од 20 до 90 отсто. 

- Станува збор за штети од невремето проследено со град, што го зафати регионот на 18 август оваа година. Најмногу штети се пријавени во земјоделски имоти во атарите на селата Прждево, Бистренци, Корешница, Барово, Бесвица и мал дел во делот на Демир Капија, појаснија од Комисијата. 

Оттаму додадоа дека елаборатот со проценки на штети, според закон, се доставува до надлежните државни органи и потоа треба да следува обесштетување на земјоделците што пријавиле штети од елементарна непогода. свд/хс/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан