• вторник, 05 ноември 2024

Штетата од несреќата на Перез ќе го чини Ред Бул три милиони долари

Штетата од несреќата на Перез ќе го чини Ред Бул три милиони долари

Лондон, 29 мај 2024 (МИА) - Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, објави дека несреќата на тимскиот возач Серхио Перез на Големата награда на Монако ќе го чини тимот околу три милиони долари.

Перез во неделата го искрши болидот во првиот круг од трката за Големата награда на Монако откако се судри со Кевин Магнусен од Хас.

- Очигледно оваа ситуација ќе влијае на нас. Затоа што тимот ќе треба да размисли што точно да прави со болидот. А поради несреќата буџетот за понатамошен развој ќе биде намален за три милиони долари. Во најлош случај, тоа навистина ќе влијае на процесот на работа на развојот на болидот, изјави Марко за „Racingnews365“.

Сегашната граница за трошење за тимовите во Формула 1 е 135 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан