• петок, 05 декември 2025

Шпанските тенисери полуфиналисти во Дејвис купот

Шпанските тенисери полуфиналисти во Дејвис купот

 

Болоња, 20 ноември 2025 (МИА) – Шпанската тениска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Дејвис купот, по денешниот триумф во парови на Марсел Гранолерс и Педро Мартинез над Јакуб Меншик и Томас Махач (7:6, 7:6) за вкупен триумф од 2-1 над Чешка во четвртфиналето во Болоња.

Чешка поведе со победата на Меншик над Пабло Карења Буста (7:5, 6:4). Шпанија израмни со триумфот на Хауме Мунар над Јиржи Лехечка (6:3, 6:4), и го реши во своја корист решавачкиот натпревар во двојки за да се пласира во полуфиналето.

Шпанската репрезентација ќе игра во полуфиналето против победникот од натпреварот меѓу Аргентина и Германија.

Во вториот полуфинален натпревар ќе играат Италија и Белгија.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан