• понеделник, 23 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шпанската полиција откри нелегално подземно стрелиште, уапсени се три лица

Шпанската полиција откри нелегално подземно стрелиште, уапсени се три лица

Мадрид, 17 април 2025 (МИА) - Шпанската полиција откри илегално подземно стрелиште во куќа во јужната провинција Гранада, јави Би-Би-Си.

Според полицијата, соседите не можеле да ги слушнат истрелите, бидејќи објектот се наоѓал на длабочина од три ката под земја.

Во акцијата уапсени се три лица и запленети се повеќе парчиња оружје и над 60.000 евра во кеш.

Ова е првпат шпанската полиција да открие нелегално стрелиште со кое управува криминална група во земјата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан