• недела, 22 декември 2024

Шпанија сака да и се приклучи на Јужна Африка во тужбата против Израел за геноцидот во Газа

Шпанија сака да и се приклучи на Јужна Африка во тужбата против Израел за геноцидот во Газа

Мадрид, 6 јуни 2024 (МИА) - Шпанија ќе побара од Меѓународниот суд на правдата дозвола да се приклучи на тужбата на Јужна Африка, со која се обвинува Израел за геноцид во Газа.

-Одлуката ја носиме поради актуелната воена операција во Газа. Сакаме да се врати мирот во Газа и на Блискиот Исток, а за тоа да се случи, сите мораме да го поддржиме судот, изјави денеска шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.

Шпанија на овој начин ќе биде првата европска земја што ќе се приклучи кон тужбата што Јужна Африка ја поднесе пред судот на крајот на минатата година.

Израел е обвинет за прекршување на Конвенцијата за геноцид со офанзивата што опустоши поголем дел од Газа. Мексико, Колумбија, Никарагва, Либија и Палестинците веќе побараа да се приклучат на случајот.

Судот му нареди на Израел веднаш да ја прекине воената офанзива врз градот Рафа, во јужниот дел на Газа, но не и нападот врз целиот Појас Газа. Меѓутоа, Израел ниту на оваа одлука не се придржуваше.

Тел Авив негира дека извршил геноцид и тврди дека целта на воената агресија е уништување на Хамас. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан