• четврток, 21 ноември 2024

Шпанецот Родригез е првиот тенисер осуден за нелегално обложување

Шпанецот Родригез е првиот тенисер осуден за нелегално обложување
Питсбург, 2 октомври 2020 (МИА) - Шпанскиот тенисер Жерард Платеро Родригез беше осуден на четири години и парична казна од 15 илјади долари откако беше обвинет за доставување податоци за развој на резултатот од трибините. Ова е првпат да се примени ваква казна за играч. Истрагата откри дека 25-годишниот Родригез, кој не е рангиран на АТП ранг листата, дал информации за напредокот на натпреварите на ИТФ турнирот за мажи во Питсбург (САД) во јули 2019 година. Забрането е пренесување на информации од теренот за промена на резултатот во текот на играта на трети лица заради обложување. Шест месеци затвор се условни, но само доколку нема повеќе прекршувања на антикорупциската тениска програма. Исто така, стана познато дека Родригез направи 75 онлајн обложувања на тениски дуели во јуни 2019 година. Тој одбил да соработува со истрагата.

Остани поврзан