• среда, 27 септември 2023

Шојгу: Разнесувањето на браната е украински план

Шојгу: Разнесувањето на браната е украински план

Москва, 6 јуни 2023 (МИА) – Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја обвини Украина за минирање на огромната брана Нова Каховка како дел од планот за прераспоредување на единици од блискиот регион Херсон за операции против руските сили.

Руското Министерство за одбрана, во соопштение потпишано од Шојгу, тврди дека пробивањето на браната и предизвиканите поплави се осмислени со цел да го спречат рускиот напад во близина на Херсон, притоа дозволувајќи и на Украина да „префрли единици и опрема од херсонскиот фронт во областа на офанзивни операции“. јт/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан