Шојгу во посета на Северна Кореја
- Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу денеска пристигна во Пјонгјанг на средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун
Пјонгјанг, 4 јуни 2025 (МИА) – Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу денеска пристигна во Пјонгјанг на средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Според руските медиуми на средбата ќе се разговара за деталите од Договорот за стратешко партнерство помеѓу Русија и Северна Кореја, што беше потпишан од Ким и рускиот претседател, Владимир Путин во јуни 2024 година.
Исто така Шојгу и Ким ќе разговараат ситуацијата во Украина.
Шојгу, кој е поранешен руски министер за одбрана, последен пат во Пјонгјанг беше кон крајот на март.
Кремљ во април потврди дека севернокорејски војници се борат заедно со руските сили против Украина. ми/
фото: МИА архива