• петок, 22 ноември 2024

Шон Пен: Имав 15 мизерни години на сцената

Шон Пен: Имав 15 мизерни години на сцената

Лос Анџелес, 25 јyни 2024 (МИА) - Шон Пен тврди дека филмот „Милк“ од 2008 година бил „последниот пат кога добро се забавувал“ на снимање филм, како што изјави американскиот глумец во новото интервју за „Њујорк тајмс“.

- Минав 15 мизерни години на снимањата! Се чувствував како глумецот кој има водечка улога, и е познат актер, и е добро платен, и има водечко место во филмот... И мора да се појавиш со енергија и да бидеш телохранител на режисерот на некој начин... „Ги лажирав“ сите тие работи и тоа беше исцрпувачки. Најчесто мислев само на она - „Колку е часот? Кога ќе се симнеме од сценава?“... Бев сигурен дека ова е крај, но не знаев како ќе го одржам сѐ тоа - мојата куќа да продолжи да работи, слободно да патувам и слични работи, ако престанам, рече тој.

Сепак, по бројни несакани улоги, неговата пријателка и колешка Дакота Џонсон, пред година - две, му го испратила сценариото за нивниот нов заеднички филм - „Дадио“. Во филмот глумат само тие двајца, а приказната е за млада жена која се качува во такси за кон аеродром и води разговор што ќе ѝ го промени животот, со „таксистот-мудрец“ од Њујорк.

- Чувствував дека ова може да биде пријатно искуство и оти тоа ќе ми биде важно сега, можеби повеќе отколку во минатото, рече Пен, додавајќи дека сѐ тоа било точно.

Инаку, иако заработи признанија од критиката и неговиот втор „Оскар“ по улогата на јавно декларираниот геј-политичар Харви Милк, Шон Пен вели дека денес не може да глуми во таков филм бидејќи според денешните критериуми, стрејт-глумците кои толкуваат ЛГБТК ликови редовно предизвикуваат контроверзии и премногу жестоки дебати во Холивуд. си/рп/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан