• четврток, 20 февруари 2025

Шолц: Украина не е виновна за руската агресија

Шолц: Украина не е виновна за руската агресија

Берлин, 20 февруари 2025 (МИА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја потенцираше важноста од задржување на отворената перспектива за членството на Украина во Европската унија, а истовремено силно ги отфрли обвинувањата дека самата Украина е виновна за руската инвазија.

-Украина не смее да се задржува во својата одлука да биде демократска, независна нација на својот пат кон Европа, рече Шолц, отфрлувајќи ги обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп против оваа земја дека таа е виновна за руската инвазија.

„Украина не е виновна. Ние во Европа инсистираме на тоа“, рече Шолц.

Тој рече дека во секој иден договор меѓу Русија и Украина треба да се дефинира дека Украина мора да има силна армија.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан