• вторник, 23 април 2024

Шолц го поддржува Руте за нов генерален секретар на НАТО

Шолц го поддржува Руте за нов генерален секретар на НАТО

Берлин, 22 февруари 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржува холандскиот премиер во заминување Марк Руте да стане нов генерален секретар на НАТО, изјави денеска портпаролот на германската влада.

Претходно и Франција го поддржа назначувањето на Руте за нов генерален секретар на НАТО.

Британскиот Форин Офис соопшти дека го поддржува Руте да го наследи Јенс Столтенберг за генерален секретар на НАТО алијансата.

Неименуван американски функционер потврди дека американскиот претседател Џо Бајден го поддржува холандскиот премиер да стане следниот генерален секретар. 

Мандатот на актуелниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој ја извршуваше функцијата од 2014 година, завршува во октомври. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан