• недела, 17 ноември 2024

Шолц во разговор со претседателот на Иран повика на смирување на тензиите во регионот

Шолц во разговор со претседателот на Иран повика на смирување на тензиите во регионот

Берлин, 12 август 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази голема загриженост поради опасноста од „регионален пожар на Блискиот Исток“ во телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкиан.

Во соопштението од портпаролот на германскиот канцелар се наведува дека Шолц го повикал претседателот на Иран да направи сè што е можно за да спречи понатамошна воена ескалација, нагласувајќи дека „спиралата на насилство на Блискиот Исток мора да биде прекината“.

Загриженоста за поширок конфликт на Блискиот Исток се зголеми по убиството на лидерот на палестинската организација Хамас во Иран, за кое се сомничи Израел. Иран и неговите сојузници најавија одмазднички удари врз Израел, додека лидерите на Германија, Франција и Велика Британија повикаа на воздржаност за да се избегне натамошна ескалација на тензиите.

Лидерите на трите земји истакнаа дека нема простор за понатамошно одложување на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа. Заедничкото соопштение следеше по еден од најсмртоносните израелски напади во Газа во повеќе од 10 месеци војна.

Ескалацијата доаѓа во време на тековната израелска офанзива на Појасот Газа во која загинаа речиси 40.000 Палестинци по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година во кој беа убиени 1.139 Израелци и киднапирани повеќе од 200. ссм/

фото: архива

Остани поврзан