• петок, 22 ноември 2024

Шмигал: Украина наскоро ќе добие дополнително оружје и муниција

Шмигал: Украина наскоро ќе добие дополнително оружје и муниција

Киев, 30 мај 2024 (МИА) – Украинскиот премиер, Денис Шмигал, на денешната владина седница во Киев најави дека неодамнешната средба со европските лидери во Прага ќе доведе до што е можно поскоро обезбедување на нови вооружени системи и артилериски гранати за Украина, пренесе Укринформ.

-Оваа недела во Прага одржавме плодни преговори со лидерите на Чешка, Полска, Летонија, Данска, Холандија и со претставници на САД. Разговаравме за чешката иницијатива за обезбедување муниција, зајакнување на украинската воздушна одбрана со системите „Патриот“, испорака на ловците „Ф-16“, како и за заедничко производство на оружје. Состанокот ќе доведе до дефинитивни резултати во блиска иднина. Ќе има дополнително ново вооружување, нови проектили, нови заеднички и заемно корисни проекти во одбранбената сфера, рече премиерот.

Шмигал истакна дека европските партнери „разбираат каква висока цена плаќа Украина и се подготвени да не поддржат додека не победиме“.

Премиерот Шмигал и лидерите на земјите-членки на ЕУ во вторникот на работниот состанок во Прага разговараа за обезбедување системи за противвоздушна одбрана на Украина. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан