• недела, 12 мај 2024

Шкупи со убедлив триумф на гостувањето во Литванија

Шкупи со убедлив триумф на гостувањето во Литванија

Каунас, 13 јули 2023 (МИА) – Фудбалерите на Шкупи забележаа убедлива победа со 5:0 вечерва на гостувањето во Каунас против Хегелман.

 

Чаирачани со оваа победа направија голем исчекор кон второто квалификациско коло во Конференциската лига.

 

Јунак во триумфот на Шкупи беше Реналдо Цефас кој постигна четири гола. Еднаш во листата на стрелците се запиша Куевен.

 

Реваншот е по седум дена во Скопје.

 

Претходно во текот на денот Македонија ЃП загуби од РФС Рига (Летонија) со 0:1, исто така во првото квалификациско коло на Конференциската лига, додека Шкендија вечерва на домашен терен се среќава со велшки Хаферфордвест. зс/

Остани поврзан