• среда, 15 мај 2024

Шкупи и Шкендија ги добија потенцијалните ривали за плејофот во Лига Европа и Конференциската лига

Шкупи и Шкендија ги добија потенцијалните ривали за плејофот во Лига Европа и Конференциската лига
Нион, 2 август 2022 (МИА) – Фудбалерите на Шкупи и Шкендија денеска со жрепка во Нион ги дознаа потенцијалните противници доколку ја минат трета пречка во еврокуповите. Шкупи во 3. квалификациско коло во Лига Европа за противник го има ирски Шамрок Роверс, а доколку ја мине оваа пречка фудбалерите на Гоце Седлоски во плејофот во второто по ранг клупско натпреварување ќе играат против азербејџански Карабах и унгарски Ференцварош. Доколку Шкупи биде елиминиран од АИК ќе продолжи во плејофот за пласман во групната фаза на Конференциската лига каде за противник ќе го има победникот од пресметката меѓу Балкани од Косово и Ки Клаксвик од Фарските Острови. Тетовска Шкендија во 3. квалификациско коло во Конференциската лига за противник го има шведски АИК и во случај да ја мине оваа пречка за пласман во групната фаза во третото по ранг европско клупско натпреварување ќе игра против поразениот од дуелот меѓу турски Фенербахче и Словачко од Чешка. Првите натпревари ќе се играат на 18 август, а реваншите се на 25 август. ег/сх/

Остани поврзан