Шкендија против велшки ТНС на стартот од квалификациите во ЛШ
- Македонскиот фудбалски првак Шкендија го доби велшки ТНС за противник во првото квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ), одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Нион, 17 јуни 2025 (МИА) – Македонскиот фудбалски првак Шкендија го доби велшки ТНС за противник во првото квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ), одлучи денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Првите натпревари од новата сезона 2025/26 во ЛШ се на програмата на 8 и 9 јули, а реваншите на 15 и 16 јули.
Шкендија ќе му гостува на ТНС во првиот натпревар, пред реваншот во Македонија една недела подоцна.
За Шкендија и ТНС ова ќе биде втора меѓусебна пресметка, откако во 2018 година македонскиот тим го елиминираше велшкиот противник во воведното коло во квалификациите во ЛШ.
Шкендија на првиот натпревар на домашен терен победи со 5-0, а на гостувањето во Велс загуби со 4-0. ег
ФОТО: Фејсбук