• среда, 15 мај 2024

Шкендија ѝ гостува на Струга во дербито на 15. коло

Шкендија ѝ гостува на Струга во дербито на 15. коло

Скопје, 12 ноември 2022 (МИА) – Четири натпревари се на програмата попладнево од 13 часот во рамките на 15. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а дербито се игра во Струга каде лидерот ја пречекува второпласираната Шкендија.

Гостите од Тетово со евентуален триумф ќе се израмнат на првото место на табелата со Струга, која е во серија од пет натпревари без победа.

Актуелниот шампион Шкупи, поради суспензијата изречена по инцидентите на куп натпреварот против Шкендија, во Кичево ќе му биде домаќин на Скопје, додека Академија Пандев во Струмица е домаќин на Силекс, а Работнички му гостува на Тиквеш во Кавадарци.

Колото ќе биде комплетирано со утрешниот дуел во Скопје меѓу Македонија ЃП и Брегалница.

Слободна во ова коло е Победа.

На тебалета води Струга со 27 бодови, пред Шкендија со 24, Силекс 23 и Шкупи со 22 бодови. ег/ев/

Остани поврзан