• понеделник, 23 декември 2024

Шилегов: Промената на имињата на улиците е активен процес, прво треба да излезат во Службениот гласник потоа стапуваат во сила

Шилегов: Промената на имињата на улиците е активен процес, прво треба да излезат во Службениот гласник потоа стапуваат во сила

Скопје, 31 март 2021 (МИА) – Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска присуствуваше на доделување на признанија за средните училишта на Град Скопје. На прашањето кога ќе се започне промената на таблите на улиците, мостовите и плоштадите и која е неговата реакција на изјавата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека судски ќе ги оспорува имињата, Шилегов истакна дека се работи за активен процес, кој треба да се спроведе согласно одлуките донесени на вчерашната седница на Советот на Град Скопје.

-Прво треба да излезат во Службениот гласник на Градот, а потоа стапуваат во сила и ќе започнеме да ги решаваме тие проблеми. Во однос на реакција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за наводни законски грешки и судски пат, Законот во член 8 предвидува две ситуации во кои што не можете да користите таква одлука, а тоа е најмалку шест месеци пред закажани избори и спроведување на попис, посочи тој.

Градоначалникот Шилегов истакна дека одлуката е донесена  на 30 март, а изборите се одложени за втора половина на октомври.

-Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ да научат основна математика. Во однос на пописот се зборува за планиран односно редовен попис. Овој попис што беше најавен за сега, а е одложен за во септември е вонреден и не е планиран, изјави Шилегов.

Тој додаде дека ќе Град Скопје ќе изврши нарачка на соодветни табли за таму каде што е предвидено да се заменат и нема посебен план од каде би започнала промената на таблите. ки/ац/

Остани поврзан