• понеделник, 22 јули 2024

Шефот на турската дипломатија замина за Венецуела

Шефот на турската дипломатија замина за Венецуела

Анкара, 23 февруари 2024 (МИА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска замина за Венецуела, јави Си-Ен-Ен-Турк.

Се очекува Фидан да се сретне со претседателот на земјата Николас Мадуро.

Шефот на турската дипломатија денеска од Бразил замина за Венецуела, каде учествуваше на состанокот на Г20. Фидан и неговиот руски колега Сергеј Лавров вчера разговараа за „страшната хуманитарна ситуација во Газа“ и чекорите што би можеле да се преземат на маргините на состанокот на Г20 во Рио де Женеиро.

Се очекува Фидан да го посети и Мексико како дел од неговата јужноамериканска турнеја. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан