Шефот на ОН го критикува израелскиот напад во Доха како „груб прекршок“ на суверенитетот
- Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш остро го критикуваше израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Доха, нарекувајќи го „груб прекршок“ на суверенитетот и територијалниот интегритет на Катар.
Њујорк, 9 септември 2025 (МИА) – Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш остро го критикуваше израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Доха, нарекувајќи го „груб прекршок“ на суверенитетот и територијалниот интегритет на Катар.
Говорејќи денеска во Њујорк, Гутереш истакна дека сите страни мора да работат на постигнување траен прекин на огнот и да избегнуваат дејства кои го поткопуваат тоа.
Тој истакна дека Катар има „многу позитивна улога“ во напорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, пренесе ДПА. јт/
Фото: МИА архива