• недела, 22 декември 2024

Шефот на Ла Лига: Се насмеав од срце кога Баерн го елиминира ПСЖ

Шефот на Ла Лига: Се насмеав од срце кога Баерн го елиминира ПСЖ

Мадрид, 27 март 2023 (МИА) - Шефот на Ла Лига, Хавиер Тебас се покажа со уште една провокативна изјава. Тој беше очигледно среќен и призна дека искрено се насмеал кога видел како Пари Сен-Жермен испаѓа од Лигата на шампионите по двата порази од Баерн (Минхен) во осминафиналето. 

Познато е дека Тебас е во кавга со францускиот шампион и верува дека ПСЖ не го почитува финансискиот фер-плеј - им наштетува на шпанските тимови и придонесува за нееднаквост во фудбалот. 

Од истата причина, Тебас му замерува и на Манчестер сити и не се двоуми да ги упати УЕФА и ФИФА на истрага за можна измама од страна на двата клуба. Тој неодамна поднесе пријава против Барселона во УЕФА за случајот „Негреира“. 

-Дали сега се смеев кога ПСЖ беше елиминиран од Лигата на шампионите? Така е, дури и се смеев од срце, изјави Тебас за мадридскиот весник „Марка“. 

ПСЖ доста неславно го заврши учеството на турнирот по двата порази од Баерн Минхен и испаѓањето со вкупен резултат 0:3. зс/ 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан