• понеделник, 23 декември 2024

Шефицата на шведската дипломатија во посета на Косово

Шефицата на шведската дипломатија во посета на Косово

Приштина, 7 јули 2021 (МИА) - Шефицата на шведската дипломатија, чија земја претседава со Организацијата за европска соработка и безбедност (ОБСЕ), Ан Линде е во посета на Косово денеска и утре, а главните теми ќе бидат позицијата на жените, мирот и безбедноста.

Ан Линде патува со помошничката генерален секретар на ОН, заменик-извршен директор на Канцеларијата на ОН за правата на жените Аса Регнер.

„Родовата еднаквост и учеството на жените во градењето и одржувањето на мирот со текот на годините ќе бидат на агендата, а тоа се рефлектира во успешните стратегии за вклучување, зајакнување на жените и поддршка за градење мир ...“, се вели во соопштение од ОБСЕ.

Другите теми при посетата вклучуваат спроведување на стратешките реформи на Косово, антикорупциски напори, локални избори, интеграција на судството, промовирање и заштита на правата на заедницата и закрепнување од пандемијата.

Линде, исто така, ќе разговара за прашања поврзани со нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград, важноста на регионалната стабилност и улогата на ОБСЕ.

Предвидени се средби со косовскиот претседател Вјоса Османи, министерката за надворешни работи Доника Гервала-Шварц и министерот за заедници и враќање Горан Ракиќ. паг/

Остани поврзан