• недела, 24 ноември 2024

Шест случаи на семејно насилство пријавени во полиција

Шест случаи на семејно насилство пријавени во полиција

Скопје, 1 јануари 2024 (МИА) - Во полиција вчера и денеска биле пријавени шест случаи на семејно насилство.

Како што информира МВР, во првиот случај изутринава во 2 часот во СВР Скопје, 41- годишна жена пријавила дека на 31 декември 2023 околу 23.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот партнер А.Т. 

Во вториот случај денеска во 00.50 часот полицијата на подрачјето на Карпош го лишила од слобода Б.М.Ѓ.(37) од Скопје. Според пријавата, тој на 31 декември 2023 година физички ја нападнал неговата 36-годишна поранешна вонбрачна партнерка.

Во третиот случај, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во скопската населба Илинден била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Н.(38) од Скопје. Жената денеска во 2.30 часот го пријавила случајот во СВР Скопје.

На 31 декември 2023 година во 23.45 часот било пријавено дека во Свети Николе во домот С.И.(26) од Свети Николе физички ја нападнал неговата 27-годишна сопруга. 

Полицијата на 31 декември 2023 година во 13 часот во Гостиварско го лишила од слобода С.Б.(42) поради тоа што во домот физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. 

На 31 декември 2023 во 21.10 часот во полиција 38-годишна жена пријавила дека во домот во Гостивар била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.Х.(40).

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите. По целосно документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци. мд/свс/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан