• петок, 22 ноември 2024

Шестотини осумдесет и пет санкции за брзо возење на територија на цела држава

Шестотини осумдесет и пет санкции за брзо возење на територија на цела држава
Скопје, 5 јуни 2021 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 685 возачи. Од нив, 103 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Куманово - 118, а потоа на територија на СВР Скопје – 102, на територија на СВР Тетово - 92, се вели во соопштението. -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, нагласи МВР. ац/

Остани поврзан