Шестмина повредени во Памплона
- Денешната трка траела три минути и 10 секунди. Еден од повредените бил прегазен од бик по грбот. Сите завршиле в болница, соопштија властите.
Памплона, 8 јули 2022 (МИА) - Во втората трка со бикови во Памплона во рамки на Фестивалот Сан Фермин, денеска се повредени шест лица.
Еден од повредените бил прегазен од бик по грбот. Сите завршиле в болница, соопштија властите.
Денешната трка траела три минути и 10 секунди. За време на фестивалот ќе има вкупно осум трки со бикови. Десетици илјади луѓе од целиот свет ја посетуваат Памплона за време на фестивалот. си/ми/