• недела, 21 јули 2024

Шеста планинска трка „Чупино зимски вертикал 2024“

Шеста планинска трка  „Чупино зимски вертикал 2024“

Виница, 26 февруари 2024 (МИА) - Oд центарот на селото Блатец во близина на Виница вчера стартуваше 6-тата по ред планинска трка на пет километри „Чупино зимски вертикал 2024“  која се трчаше нагоре по стрмна планинска патека во поголем дел со снег до колена, а  целта беше на врвoт Чупино на планината Плачковица  на  1725 метри надморска височина. Учествуваа околу 130 натпреварувачи атлетичари и планинари од земјава, како и планинари и атлетичари од Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина, Унгарија, Полска и Велика Британија.

Првото место во машка категорија го освои Александар Спасов од Бугарија со време 45:46, второто место македонските  атлетичари и планинари Златко Карчески и Златко Николов со време 48:31, а трето македонскиот атлетичар и планинар Никола Илиевски со време  51:19. Четвртти е Никола Илиевски со време 51:19, а петти Роберто Димитриевски од АК „Велес“од Велес со време 54:07.

Кај жените сите три места им припаднаа на македонските атлетичарки и планинарки - прва е Вера Урдаревска со време 1:06:18, втора е Марија Пеликон со време 1:06:32, а трета Ангела Величкова со време 1:15:15. Четвртта е  Ибадете Вокри со време 1:16:23, а петта Рени Валканова со време 1:16:45.

Кај ветерани жени прва стигна Бугарката Добромира Јанева, а останатите најдобри се  македонските планинари - втора е Валентина Узунова, а трета Лидија Арсовска. Кај мажите ветерани прв е Дејан Новковски, втор Душко Кантарџиев и трет Благоја Ацковски.

Дарко Атанасов од здружението „Чупино Траил“ кој шеста година го организира „Чупино зимски вертикал  2024 “ со подршка од Општина Виница и бројни спонзори за  МИА информира дека  целта им е да  ги популаризираат планинарењето, дружењето на чист воздух во планина. Стартот започна   на 700 метри надморска височина во селото Блатец, а учесниците се искачуваат со висинска разлика од  1030 метри надморска височина на врвот Чупино кој е на 1725 метри надморска височина. Тој потенцира дека за учесниците освен желба потребен им е и добар тренинг за издржливост и добра кондиција  за  да се искачи напорната патека по стрмен терен и снег до колена во поголемиот  дел, а уште потешко е враќањето назад удолу по стрмен и лизгав терен со снег.

-Секоја година имаме се’ поголем и поголем број на учесници, на  оваа трка „Чупино зимски вертикал“  Тоа е потврда дека сме ја постигнале целта да привлечеме што поголем број на учесници кои преку оваа трка ќе ја засакаат планината и дружењето во природа на чист воздух потенцира Атанасов.

Владимир Павлов неговиот колега од истото  здружение „Чупино Траил“ информира дека започнале со летна трка „Чупино Траил“ во 2017 годиа во месец август, а по повод Денот на ослободување на Виница, 30 август. Но поради пандемијата се одржале само четири трки низ градските улици на Виница, а шест зимски вертикал кон врвот Чупино.

Како и во изминатите години сите учесници на  планински маратон „Чупино зимски вертикал 2024“ кога на враќање се спуштија во селото Блатец  добија бесплатно вегетаријанска   чорба која ја подготви  Борче Пешов и неговата сопруга Оливера.

Тој вели дека бесплатна вегетаријанската чорба на оваа зимска трка подготвува веќе петта година, како и  на трката во Штип. Додава  дека дека е многу задоволен и среќен што може да нахрани со вкусна зеленчукова чорба учесниците планинари и атлетичари  исцрпени по тешкиот планински  маратон. 

На крајот уесниците, гостите како и домаќините во  селото Блатец ги забавуваа групите The Hounds и Mod –heads.ад/са/

Фото: МИА

Остани поврзан