• сабота, 11 мај 2024

Шеснаесет ракометари на Работнички заразени со корона

Шеснаесет ракометари на Работнички заразени со корона
Скопје, 23 септември 2020 (МИА) - Вкупно 16 ракометари се заразени со ковид-19 во редовите на Работнички. Сите се наоѓаат во изолација и немаат посериозни симптоми. Натпреварот меѓу Работнички и Металург во Групата Б од Суперлигата, кој требаше да се одигра утре, е одложен. Ова ќе значи и прекин на групата Б во следните 15 дена, а се очекува во следниве денови да бидат тестирани и ракометари на екипи, кои во изминатиот период играа натпревари против Работнички. Претходно имаше информации дека позитивни на коронавирусот има во ракометните клубови Голден Арт КЛ7, Радовиш, Струга и Охрид, па поради тоа суперлигашката група „А“ е во мирување.

Тагови

Остани поврзан