• четврток, 21 ноември 2024

Шекеринска: Носиме Стратегија за справување со хибридните закани

Шекеринска: Носиме Стратегија за справување со хибридните закани
Скопје, 5 јули 2021 (МИА) - Хибридните закани наметнаа друг тип на војување, посуптилен од класичниот, но еднакво разорен. Една лажна вест може да сруши цел еден систем или да го наруши неговиот кредибилитет до таа мера што ќе го загрози неговото функционирање. Затоа носиме Стратегија за справување со хибридните закани, наведе на нејзиниот фејсбук-профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Таа истакнува дека Министерството за одбрана е носител на ваквата иницијатива. - Се погриживме да изработиме стручен текст со сите потребни анализи и насоки за дејствување. Денес отворив јавна расправа за неговата содржина со државните и безбедносните институции и со невладиниот сектор. Оваа важна тема е високо на агендите и на НАТО и ЕУ, додаде министерката за одбрана. см/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан