• четврток, 26 март 2026

Гаши - Џабаров: Можности за соработка меѓу Северна Македонија и Азербејџан, особено во делот на енергетиката

Гаши - Џабаров: Можности за соработка меѓу Северна Македонија и Азербејџан, особено во делот на енергетиката

Скопје, 19 јуни 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши ја заврши официјалната посета на Азербејџан со средба со министерот за економија Микаил Џабаров. 

На средбата, како што информира собраниската прес-служба, Гаши истакнал дека Северна Македонија и Азербејџан имаат добри и пријателски односи, што може да биде основа за унапредување на соработката, особено во делот на економијата.

Тој информирал дека посебен фокус Владата става на надворешната трговија со цел да се унапреди трговијата и со држави со кои досега сме имале мала трговска размена.

Министерот за економија на Азербејџан истакнал дека постојат многу можности за меѓусебна соработка, како во делот на енергетиката, така и во делот на другите стопански области.

Двајцата соговорници нагласиле дека е важно да се унапредат билатералните односи на сите нивоа, со цел да се обезбеди поголема соработка. бак/ев/

Фото: Собрание 

Остани поврзан