• понеделник, 08 декември 2025

Шекеринска во посета на САД

Шекеринска во посета на САД

Брисел, 8 декември 2025 (МИА) – Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска од денеска до среда ќе престојува во посета на САД.

Како што соопшти Прес-службата на НАТО, Шекеринска денеска ќе престојува во Бостон, каде ќе се обрати на собир во центарот „Белфер“ при школата „Харвард Кенеди“.

Утре, Шекеринска ќе отпатува за Вашингтон, каде ќе присуствува и ќе има свое обраќање на Трансатлантскиот форум на Парламентарното собрание на НАТО.

Шекеринска в среда ќе учествува и на дебата на Безбедносниот форум во Аспен. сп/јт/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан