• четврток, 09 мај 2024

Швионтек ја освои титулата во Индијан Велс

Швионтек ја освои титулата во Индијан Велс

Индијан Велс, 17 март 2024 (МИА) - Полската тенисерка Ига Швионтек ја освои титулата на турнирот во Индијан Велс, откако во финалето ја совлада Гркинката Марија Сакари со 6:4, 6:0.

Во репризата на финалето од 2002 година, светската „број 1“ повторно беше подобра и стигна до 19. трофеј во кариерата, вкупно осми на турнири од серијата 1.000.

Натпреварот траеше само 69 ​​минути.дс

Фото: Архива

Остани поврзан