• петок, 20 декември 2024

Шведскиот премиер ќе бара објаснување од Унгарија за одлагањето на ратификацијата за нејзиното членство во НАТО

Шведскиот премиер ќе бара објаснување од Унгарија за одлагањето на  ратификацијата за нејзиното членство во НАТО
 

Стокхолм, 23 март 2023 (МИА) - Шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска изјави дека ќе бара објаснување од Унгарија зошто унгарскиот Парламент избра да го одобри влезот на Финска во НАТО пред Шведска.

-Ќе прашам зошто ја одвојуваат Шведска од Финска. Тоа се сигнали што досега не сме ги виделе, изјави Кристерсон за шведското радио СР, наведувајќи дека „апсолутно“ има намера денеска да разговара за ова во Брисел со неговиот унгарски колега Виктор Орбан.

Двајцата премиери се наоѓаат на самитот на ЕУ во Брисел, а Шведска е актуелен претседавач со Унијата до крајот на јуни.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО во мај 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина.

Унгарија и Турција се единствените членки на НАТО кои се уште не го ратификувале во своите парламенти приемот на овие две земји, а останатите 28 членки веќе го сторија тоа.

Унгарскиот парламент минатата недела изненади со одлуката да одреди датум за ратификација на влезот на Финска во НАТО, со напомена дека одлуката за Шведска ќе биде донесена „подоцна“.  сд/

Остани поврзан