• понеделник, 15 јули 2024

Шведска ќе учествува во воздушниот надзор на НАТО на балтичките земји

Шведска ќе учествува во воздушниот надзор на НАТО на балтичките земји

Стокхолм, 7 јуни 2024 (МИА) - Шведска објави дека ќе учествува во мониторингот на воздушниот простор под команда на НАТО, само три месеци по пристапувањето во воената алијанса.

Премиерот Улф Кристерсон денеска го објави овој потег. Шведски борбени авиони треба да бидат распоредени како дел од мисијата на НАТО за воздушна полиција, пред се над балтичките земји.

-Шведска беше решена да биде активна членка на НАТО од првиот ден и сега патувањето навистина може да започне, рече Кристерсон по состанокот со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во воената база во близина на Стокхолм.

Шведска се приклучи на НАТО на 7 март. Шведска, која беше воено неврзана долги години, аплицираше за членство во НАТО заедно со нејзиниот сосед Финска по целосната инвазија на Русија на Украина. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан