Шведска истражува саботажа, а Летонија бара нови прописи за бродскиот превоз
- Шведските власти денеска запленија брод што пловеше под знаме на Малта со цел да почнат истрага по вчерашното оштетување на подводен кабел во Балтичко Море
Стокхолм, 27 јануари 2025 (МИА) – Шведските власти денеска запленија брод што пловеше под знаме на Малта со цел да почнат истрага по вчерашното оштетување на подводен кабел во Балтичко Море.
По вчерашното оштетување на подводниот кабел што ги поврзува Шведска со Летонија, НАТО распореди патролни бродови, а шведските власти почнаа истрага за саботажа.
Додека летонската морнарица вчера соопшти дека три бродови се предмет на истрага.
Шефот на летонската дипломатија Кестутис Будрис вчера побара да се преиспитаат актуелните прописи за превозот, по последниот инцидент со оштетување на подморскиот кабел.
- Правилата за навигација во Балтичко Море треба да се преиспитаат, особено кога станува збор за употребата на сидра, објави Будрис на Икс.
Изминатите недели повеќе подводни кабли и цевководи беа оштетени во Балтичко Море така што бродските сидра се влечат по морското дно.
Началникот на армијата на Летонија, Каспарс Пуданс, исто така, побара усогласување на националните и меѓународните правила, бидејќи е невозможно да се следи секоја наутичка милја на Балтикот.
За време на вчерашниот инцидент со подводниот кабел што ги поврзува летонскиот град Вентспилс со шведскиот остров Готланд во регионот имало над 70 бродови.
Според летонските власти, поправката на оштетениот кабел може да потрае од неколку дена до неколку недели. ми/
фото: МИА архива