Мелони под судска истрага за ослободување на Либиец баран од Меѓународниот кривичен суд
Рим, 28 јануари 2025 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека е под судска истрага поради ослободување на либиски полицаец по кого Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог.
Осама Елмасри Нџим, познат и како Осама Алмасри Нџим, беше ослободен во Италија минатата недела, неколку дена откако беше приведен по налог за апсење издаден од МКС за наводни злосторства против човештвото.
Хашкиот суд побара објаснување и соопшти дека не бил консултиран за одлуката за ослободување на Нџим. зш/
фото ЕПА