• вторник, 11 март 2025

Шведската полиција ја следи истрагата на кинеските власти на брод во Балтичкото Море

Шведската полиција ја следи истрагата на кинеските власти на брод во Балтичкото Море

Стокхолм, 19 декември 2024 (МИА) - Шведската полиција денеска соопшти дека ќе учествува како набљудувачи додека кинеските власти спроведуваат истрага на брод под кинеско знаме во Балтичкото Море, во областа каде минатиот месец беа оштетени два подводни кабли за пренос на податоци.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави на крајот на ноември дека неговата земја официјално побарала од Кина да соработува во истрагата за оштетувањето на кабелите, што се случи во шведските води.

Шведските, финските и литванските власти спроведуваат истрага за оштетувањето на каблите, додека германскиот министер за одбрана Борис Писториус рече дека се сомнева во саботажа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан